Кривична пријава за крадец од Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицето Б.Д. (39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела – “кражба“ стекнувајќи се притоа со противправна имотна корист од околу 62.000 денари.
Сите четири кривични дела пријавениот ги извршил на идентичен начин во простории од фирми – една лоцирана во централното градско подрачје и три во населбата Чаир, годинава во период од 30.04. до 06-ти овој месец. Тој влегувал во просториите на фирмите и откако ќе се уверел дека во канцелариите нема никој и дека нема да биде забележан од некого, се доближувал до работното биро на кое стоеле чантите на ошетените, ги отворил и потоа ги одземал паричниците (во три случаи), додека во еден случај го отворил работното биро кое служело како каса ги пронашол и одзел паричните сретства од дневниот промет ги ставал во џебот и незабележан од никого напуштал лице место.
По дознавањето за кривично правниот настан преземени оперативни мерки и активности при што е дојдено до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Б.Д., при што истиот е лишен од слобода во ПС од ОН Чаир. Во извршениот разговор со пријавениот, истиот во целост ги признал и опишал начините на извршување на кривичните дела. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.