22/11/2024
Охрид

Кривична пријава за кражби во базни станици во охридско

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Г. (27) од скопското село Мралино и Ф.С. (19) од Агино село, општина Куманово.

Тие, казненото дело го сториле на 29-ти септември оваа година во базната станица на „Телеком Македонија“ во охридското Пештани. Притоа, со штрафцигер и со употреба на физичка сила ја отвориле влезната врата и одзеле три акумулатори за напојување. Претходно, поточно на 21 септември, двајцата пријавени, со подесен алат го пресекле кабелот од базната станица на „ОНЕ-ВИП“ лоцирана во месноста „Св.Еразмо“ пришто дошло до опожарување на истата. Сега пријавениот Ј.Г. во периодот од 2014 до 2016 година со подесен алат влегол во базните станици на повеке локации сопственост на ОНЕ-ВИП и во базната станица на „АД НЕОТЕЛ“ и одзел акумулатори, кабли, бакарни ленти и гориво за напојување на генератор.

Со извршувањето на казненото дело „тешка кражба“, двајцата пријавени се стекнале со противправна имотна корист од 60.000 денари.