Кривична пријава за лице кое крадело во куќа во Струга
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против З.К.(57) од Струга.
Во периодот јануари-март оваа година, пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист, со употреба на подесен алат и физичка сила влегол во куќа на улицата „Стив Наумов“ во Струга. По извршеното пребарување по собите, одзел еден телевизор, повеќе парфеми, златен накит, комплети „Сваровски“ и други предмети.