23/11/2024
Македонија

Кривична пријава за недозволена трговија со дрога

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Р. (20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

На 23.04.2018 година, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории на Б.Р. во с.Визбегово. При претресот биле пронајдени четири пакувања со растителна материја и една вага со остатоци од растителна материја.

Пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење, а Б.Р. бил лишен од слобода, задржан во Полициската станица Гази Баба и со него бил извршен службен разговор.

Од вештачењето било утврдено дека раститената материја претставува наркотична дрога марихуана со маса од околу 1,9 килограми.