Кривична пријава за обид за убиство во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против Е.М.(21) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
На 08.03.2024 околу 11:30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, сопственост на второпријавениот, по претходна расправија ја турнал М.О.(39) од Скопје од терасата.
Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Второпријавениот Е.М., кој бил присутен, не го спречил сторителот во извршувањето на кривичното дело.
WebOhrid / 11.03.2024 / СВР Охрид