22/11/2024
Македонија

Кривична пријава за оддавање службена тајна

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против Е.С. (34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“, казниво по член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавената Е.С., вработена во Основното јавно обвинителство во Гевгелија како помлад јавнообвинителски соработник за казнено право, од средината на 2017 година па се до 23.05.2018 година, во повеќе наврати на адвокат му давала податоци што преставуваат службена тајна, односно кривични пријави, службени белешки и други документи изработени од организациони единици на Министерството за внатрешни работи, записници, спогодби и други документи изработени од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, службени документи издадени од Основниот суд во Гевгелија кои преставуваат службена тајна, документи од други јавни установи, кои директно или индиректно се поврзани со предметите за кои бил ополномоштен бранител пред судски или јавнообвинителски предмет.

На тој начин пријавената Е.С. за себе и за друг прибавила противправна имотна корист и нанела штета на честа и угледот во институцијата во која работи.