26/11/2024
Струга

Кривична пријава за одземање малолетник

На 27 ноември оваа година, во полициската станица во Струга, Т.А. (42) од Тетово, пријавила казнено дело „одземање малолетник“ извршено од Н.А. (18) од Струга, кој, противправно ја одзел нејзината малолетна ќерка од семејниот дом во Тетово.

Според пријавата, настанот се случил во текот на октомври оваа година во домот на пријавителката, кога Н.А. го искористил нејзиното одсуство и ја земал малолетничката, по што заминале во неговиот дом во Струга.

По преземени мерки во координација со Центар за социјални работи и по насоки на Јавен обвинител, малолетничката е пронајдена и предадена на нејзината мајка.

Против Н.А. полициската станица од Струга ќе поднесе кривична пријава за одземање малолетник.