23/11/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена марихуана

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(53) од Охрид.

Тој, на 04.05.2019 година околу 04 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид е затекнат при користење на марихуана. Дополнително, при претрес, извршен врз основа на наредба на судија на претходна постапка, во неговиот автомобил марка „Opel Insignia“ и во неговиот дом пронајдена и одземена е марихуана, како и повеќе други предмети поврзани со кривичното дело.