22/11/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Х.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 28.09.2016 на ул.„Бистра“ во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот во која престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле метамфетамин и марихуана.