Кривична пријава за охриѓанец кај кого биле пронајдени амфетамини
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.Ш.(27) од Охрид.
На 25.12.2018 година, при претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени амфетамини.