Кривична пријава за охриѓанец кој бесправно градел на ул. „Шар Планина“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(48) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на ул. „Шар Планина“ во Охрид, без одобрение за градба, изградил објект, за кој Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид донела решение за нејзино отстранување.