Кривична пријава за охриѓанец кој бил затекнат како користи хероин
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О.(28) од Охрид.
Тој, заедно со Б.К. од Охрид, биле забележани во подрумски простории од зграда на улицата „Пере Тошев“ во Охрид при консумирање опојна дрога хероин.