Кривична пријава за охриѓанец кој го нарушил јавниот ред и мир во казино
На 29.01.2020 година во 09.45 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, со карање, викање и кршење на дел од апаратите, извршено од Ж.Р.(28) од Охрид. Тој, од работниците на обезбедување Н.С.(37), И.И.(25) и Ц.Ч.(37) сите од Охрид, бил изнесен надвор од објектот каде физички ги нападнал. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.