23/11/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој и се заканувал на сопругата

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело „загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Г.Т.(43) од Охрид.

Тој, казненото дело го сторил на 16-ти минатиот месец во 20 часот и 30 минути во семејниот дом во Охрид со вербална расправија со неговата сопруга. Притоа, сега пријавениот и упатил сериозни закани и навредливи зборови по што започнал да ја влече и заедно со малолетните деца да ја брка од станот.