Кривична пријава за охриѓанец кој нелегално изградил куќа
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С. (37) од Охрид.
Тој, без одобрение за градба издаден од надлежен орган, на две катастараски парцели на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, изградил семејна куќа. Како инвеститор на градбата, тоа го направил спротивно на законот за градба по што од страна на градежен инспектор извршен е инспекциски надзор. Притоа, со записник било потврдено дека се работи за бесправно изграден објект.