Кривична пријава за охриѓанец кој предизвикал пожар во куќа во која престојувал
Сектор за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(63) од Охрид за сторенo кривично дело „Предизвикување општа опасност”.
На 02.02.2018 година во Охрид во куќата каде пријавениот престојувал под кирија, истиот поради невешто користење на електричниот шпорет, предизвикал пожар, што ги зафатил предметите од покуќнината и покривот.