26/11/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој со нож повредил сограѓанин

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело тешка телесна повреда“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.С.(37) од Охрид.

Тој, на 18-ти ноември оваа година, околу 23:00 часот, во куќа на улицата „Андон Дуков“ во Охрид, извршил физички напад врз Н.А.(50), а потоа со нож му нанел повреда во пределот на главата. Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде му е укажана лекарска помош.