22/11/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец кој со нож се заканувал во угостителски објект

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.А.(25) од Охрид.

На десетти овој месец, околу 00:50 часот пред угостителски објект на улица „Коста Абраш” во Охрид, пријавениот, под дејство на алкохол, со нож им се заканувал на гостите. Во обид да го спречи во заканите и да му го одземе ножот, В.Х.(43) од Охрид се здобил со повреда во пределот на раката.