23/11/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанец поради бесправно градење

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење” и „симнување или оштетување на службен печат или знак”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (32) од Охрид.

Тој, во текот на минатиот месец на сопствено земјиште на катарстарска парцела 8123 на улицата „Стив Наумов” во Охрид, започнал градежни активности без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен орган. Од страна на градежен инспектор, извршен е инспекциски надзор, донесено е решение за затворање на градилиштето и поставени се соодветни ознаки. И покрај тоа, но и спротивно на Законот за градење, сега пријавениот продолжил со изведување на градежните работи, по што било донесено решение за отстранување на градбата.