Кривична пријава за охриѓанец поради измама при купопродажба на автомобил
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Тој, во текот на јануари минатата година, со А.И.(30) од струшкото село Радолишта склучил усмен договор за купопродажба на патнички автомобил. Но, пријавениот Н.С. не извршил целосна исплата на договорената цена со што на оштетениот му причинил материјална штета од 615.000 денари.