Кривична пријава за охриѓанец поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.П.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана.
Исто така, при претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид овозможил да користи марихуана во неговиот дом.
WebOhrid / 26.12.2023 / СВР Охрид / фото: архива