Кривична пријава за охриѓанец поради незаконит риболов со мрежа
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконит риболов“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Б.(49) од Охрид.
На први јули оваа година, при реализирани акциски мерки за лица кои вршат незаконит риболов, пријавениот, во близина на еден хотел на Охридското крајбрежје е забележан како од водите на Охридско Езеро вади рибарска мрежа. По извршена контрола на пловниот објект, полициските службеници забележаа рибарска мрежа во должина од 20 метри со улов на околу 3 килограми разновидна риба. Пронајдените предмети, по претходно известување до Јавен обвинител се одземени.