Кривична пријава за охриѓанец поради повреда на правата од работен однос
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Г.Р.(51) од Охрид, за сторено кривично дело ,,повреда на правата од работен однос”.
Во период од 2014 до 2018 година, пријавениот како раководител во Одморалиште на МВР на РМ во населбата ,,Свети Стефан” во Охрид, спротивно на Упатството на МВР на РМ за начинот на евидентирање на реализирани часови на работа на еден вработен му го одзел и ограничил правото за исплата на надоместокот по наведениот основ и му нанел штета од 224.007 денари, која треба да биде исплатена од страна на МВР.