Кривична пријава за охриѓанец поради сквернавење на гроб
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „сквернавење на гроб“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ш. (38) од Охрид.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти минатиот месец околу 15 часот и 30 минути на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, наспроти џамијата „Хајдар Паша“. Тука, пријавениот Е.Ш. неовластено извршил оштетување на покривката од герамиди поставени на Турбе (гроб на незнаен светец од муслиманска вера) по што го напуштил местото. Оштетениот гроб бил во сопственост на Исламската верска заедница- џамија „Хајдар Паша“ во Охрид.
По овластување на Јавен обвинител, на местото на настанот увид извршија полициски службеници од полициската станица од Општа надлежност Охрид и криминалистичка техника при СВР Охрид.