26/11/2024
Охрид

Кривична пријава за охриѓанка поради лажно пријавување на кривично дело

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување на кривично дело”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Б.(56) од Охрид.

Таа, казненото дело го сторила на 12-ти минатиот месец кога, како вработена во претпријатието за стопанисување со шуми „Галичица“, во СВР Охрид, против непознати лица вработени во претпријатието пријавила казнено дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги“. Според наводите во нејзината пријава, непознатите лица и направиле измени во работен налог за плата за јануари 2018 година.

По преземени мерки, полициските инспектори недвосмислено утврдиле дека, сега пријавената Е.Б. лично го изготвила и потпишала работниот налог и на втори минатиот месец го предала на директорката на претпријатието.