27/11/2024
Охрид

Кривична пријава за поранешен директор на ЈЗУ „Завод за здравствена заштита” Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(57) од Охрид поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во текот на 2015, пријавениот, во својство на директор на ЈЗУ „Завод за здравствена заштита” Охрид, без да го испита пазарот на цени на моторни возила и без да ангажира стручни лица – проценители, иако знаел дека ист понудувач за исти возила дал две понуди од кои втората со понудена повисока цена од 405.919 денари, несовесно постапил и ја дозволил набавката по повисоката цена. Во врска со наведеното, пријавениот го игнорирал укажувањето на Бирото за јавни набавки и не дозволил да се испита реалноста на понудените цени од стручните лица, со што предизвикал материјална штета на Јавна здравствена установа Охрид во вкупен износ од 1.505.165 денари.