23/11/2024
Струга

Кривична пријава за поранешен директор на училиште во Вевчани

НККР Струга поднесе кривична пријава против К.М. (37) од Вевчани за сторено кривично дело “несовесно работење во службата“.

Во текот на 2016 година во Вевчани во ООУ „Страшо Пинџур“, од страна на вработени во државен просветен инспекторат, при редовен инспекциски надзор, било констатирано дека во текот на 2009 и 2010 година, пријавениот како директор на ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, во рамки на проектот „Компјутер за секое дете“ примил донирана компјутерска опрема, од која одреден дел не била во функција, додека одреден дел недостасувала. Исто така, било констатирано дека дел од опремата, пријавениот ја предал на користење на трети лица. По преземени мерки, од страна на полициски службеници, било констатирано дека во текот на 2015 и 2017 година, од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ Скопје и “Макпетрол” АД Скопје, на ООУ „Страшо Пинџур“, им биле дадени донации кои пријавениот не ги евидентирал во годишните завршни сметки. Со ова пријавениот на ООУ „Страшо Пинџур“-Вевчани му нанел материјална штета од 194.691 денари.