Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Дебрца поради проневера во службата
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т. (37) од с. Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
На 15.07.2015 година и 11.07.2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Дебрца, склучил договори за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги со еден мобилен оператор според кои му биле доделени мобилни телефони. Тој не ги евидентирал телефоните во пописните листи и по завршувањето на функцијата не ги раздолжил, со што се стекнал со материјална корист од 241.452 денари на штета на општина Дебрца.