Кривична пријава за примање поткуп
Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава пријава против С.В.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 6 во врска со став во врска со став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Пријавениот, во својство вешто лице ангажиран од Бирото за судски вештачења при Министерството за правда, во текот на јули 2018 во неколку наврати побарал парични средства во износ од 2000 евра од сопственик на винарска визба од Штип за да стави потпис на економско финансиски вештачења по предмет кој се водел во Основниот суд Штип против правното лице.
На 06.10.2018 година во просториите на правното лице пријавениот ги примил паричните средства во износ од 2000 евра, по што се потпишал на финансиското вештачење. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка куќен притвор.