Кривична пријава за пуштање во промет на штетни средства за лечење
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(50) од Прилеп и Е.А.(23) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“.
На 15.08.2019 година по наредба на јавен обвинител полициски службеници, при претрес во домот и објекти кои ги користеле пријавените на улицата ,,Гостиварска“ и улицата „Тризла“ одземени се вкупно 9.900 капсули од лекот „трамадол“, кои ги набавувале во аптека од Велес.