22/11/2024
Струга

Кривична пријава за родители од Банско поради напуштање немоќно дете кое било пронајдено во Струга

На 16.11.2023 во 22:10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улица „Ристо Крле“ во Струга бил пронајден малолетник со здравствени проблеми.

Известени се јавен обвинител и Центар за социјални работи, по што лицето е згрижено, а по преземени мерки е констатирано дека се работи за 17 – годишник од струмичкото село Банско.

Остварен е контакт со неговите родители Т.М. и Ш.М. и малолетникот денеска ќе биде вратен во неговиот дом.

По целосно документирање на настанот, против родителите ќе биде поднесена кривична пријава по член 200 од Кривичниот законик – „напуштање немоќно дете“.


WebOhrid / 17.11.2023 / СВР Охрид