Кривична пријава за стружанец кај кого била пронајдена дрога
Надворешната канцеларија за криминалистичи работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(33) од Струга, пораи постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 30.05.2017 година во Струга при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени 37,58 грама марихуана и 12 шприцеви со 203,5 милилитри хашиш смола.