23/11/2024
Охрид

Кривична пријава за стружанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични психотропни супстанци и прекурсори“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Б.И.(35) од Струга.

Откако полициски службеници го запреле Б.И. при управување моторцикл во близина на кружен тек кај улицата „Јане Сандански“ во Охрид, тој веднаш во уста ставил и проголтал две паковки со кафеава непозната прашкаста материја. При извршен преглед, кај него пронајдени и одземени се 10 ампули со непозната содржина како и неколку шприцеви и игли. По извршено вештачење, констатирано е дека се работи за опојна дрога хероин и ампули диазепам.