23/11/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој бесправно градел

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Ф. (41) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на 2018 година пријавениот, како инвеститор, на катастарска парцела во Струга, на улица „Кеј 8-ми Ноември“, започнал да врши надградба на објект за индивидуално домување, спротивно на одобрението за градба и основниот проект, за што при извршен инспекциски надзор било донесено решение за отстранување на градбите.