Кривична пријава за стружанец кој крадел во куќи
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“.
Во периодот од 27.03.2018 до 09.04.2018 година, пријавениот со употреба на физичка сила влегол во три куќи во Струга и одзел повеќе предмети.