26/11/2024
ОхридСтруга

Кривична пријава за стружанец кој вршел јавен превоз на патници без да поседува извод од лиценца

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(63) од Струга.
При контрола извршена на 20.10.2020, на стариот регионален пат Охрид-Струга, полициски службеници го затекнале пријавениот со патничко возило „опел астра“, како врши јавен превоз на патници без да поседува извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај за такси возило.