22/11/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец поради лихварство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лихварство “, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против Ј.П.(32) од Струга.

Тој, казненото дело го сторил на 17-ти јули оваа година на улицата „Партизанска“ во Струга, каде го пресретнал сега оштетениот Ц.Ш.(34) и веднаш започнал вербална расправија барајќи му пари, а потоа и физички го нападнал.

Според пријавата од сега оштетениот, вербалните закани и физичките напади врз него, пријавениот Ј.П. ги вршел од 2013 година кога тој на оштетениот му позајмил 12.000,оо денари. Оттогаш, па се до моментот на пријавување, сега оштетениот, на Ј.П. му имал исплатено околу 40.000,оо денари кој и понатаму продолжил со закани барајќи му пари, по што Ц.Ш. го пријавил настанот.