26/11/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец поради насилство во казино во Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против П.К.(45) од село Велешта, струшко поради основи на сомнение дека сторил кривични дела „насилство“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 19.10.2018 година во Струга во казино на улица ,,Маршал Тито“, пријавениот започнал да упатува закани по животот на вработените и со употреба на физичка сила оштетил два апарати за игри на среќа и дел од инвентарот, а потоа пред објектот упатувал закани кон полициските службеници кои преземале службени дејствија и го оштетил службеното возило.