26/11/2024
Македонија

Кривична пријава за „Тешка телесна повреда со смртни последици“

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје го предаде лицето А.Б.(43) од Скопје, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „Тешка телесна повреда“ предвидено и казниво по член 131 став 4 од КЗ на РМ.

Имено, на 03 август околу 02,00 часот на улица „Кеј 13 Ноември“ пријавениот физички го нападнал сегапочинатиот С.М.(66) од Скопје. Во 08,30 часот повредениот побарал лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде е задржан на понатамошно лекување. По преземени мерки А.Б. е приведен во ПС ОН Центар и по обавениот разговoр му се издадени Записници за констатиран прекршок по член 12 „Нарушување на ЈРМ со физички напад“ и член 6 „Нарушен ЈРМ со оддавање на пијанство“ од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

На 11 август од страна на вработена во Невро-хирургија е пријавено дека С.М. починал, по што е известен дежурен Јавен обвинител кој издал наредба врз телото на починатиот да биде извршена обдукција. Од извршената обдукција утврдено е дека се работи за насилна смрт која настапила како последица од нанесената тешка телесна повреда. Пријавениот А.Б. е лишен од слобода.