Кривична пријава за три лица поради фалсификување исправа” и „употреба на исправа со невистинита содржина”
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување исправа” и „употреба на исправа со невистинита содржина”, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Г.М.(45) од Гостивар и Х.Ф.(46), косовски државјанин со привремен престој во Гостивар и Л.К. (42 ) од Струга.
Пријавениот Г.М. во текот на декември 2016 година, направил лажна исправа-странски купопродажен договор за продажба на возило, ставил лажен потпис и датум и така фалсификуваниот договор го употребил пред Бирото за метрологија за отварање постапка за идентификација и добивање согласност за регистрација на возилото. Второпријавениот Х.Ф. се потпишал на лажна исправа и ја заверил кај нотар. Трето пријавениот, како овластен шпедитер од Струга, исправата со невистинита содржина – договор за купопродажба на патничко моторно возило, ја доставил во Управни служби во Струга, со цел регистрација на возилото.