Кривична пријава за три лица поради несовесно работење во службата
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(49) од село Мал Папрадник, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“, против М.А.(51) од село Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со ,,несовесно работење во службата“ и против А.К.(23) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување и уништување деловни книги”.
Првопријавениот, како референт во ЈП „Македонски Шуми” – МШ Стогово, му овозможил на второпријавениот неовластено да обележи 24 метри кубни бука, по што третопријавениот, како управител на приватна фирма, и покрај тоа што знаел дека наведената количина на дрва е незаконски обележана, издал испратница за транспорт.