22/11/2024
Охрид

Кривична пријава за три лица поради сомнение за сторени 17 кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“

Поради постоење основи на сомнение за сторени вкупно 17 кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Д.(47) од Скопје, кој заедно со уште две лица, во периодот јуни-октомври 2019 година, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на паркинг простор на повеќе локации во Охрид, населби и плажи, со подесен предмет ги кршеле предните стакла од возилата и одземале вредни предмети, лични документи и пари.

Со тоа, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 510.000 денари.