Кривична пријава за тројца охриѓани кои нападнале полициски службеници
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Р.(32) Д.Р.(37) и И.Џ.(32), сите од Охрид.
По сообраќајна незгода, случена на 19.02.2021 година, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Стив Наумов“ во Охрид, пријавените, физички ги нападнале полициските службеници кои преземале службени мерки.