Кривична пријава за тројца охриѓани кои одзеле пари од малолетник
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Р.(17), Ј.Д.(18) и Д.Ш.(18), сите од Охрид.
На 27 јануари минатата година, околу 01:30 часот, пријавените, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, пресретнале 13 годишен малолетник, на кого, со примена на физичка сила му одзеле пари.