02/02/2025
Охрид

Кривична пријава за тројца охриѓани поради несовесно работење во ЈЗУ „Општа болница“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,несовесно работење во службата“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Љ.А.(62), М.К.(60) и Г.С.М.(47), сите од Охрид.

Од ноември 2013 до август 2017 година Љ.А. и М.К. во својство на директор и помошник директор за економски работи на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, со пропуштање на должен надзор во вршењето на службените овластувања, на Г.С.М. и овозможиле продолжување на времетраењето на нејзините докторски специјализации од максимум утврдениот рок од 60 месеци и не ја задолжиле да се врати на работното место општ доктор во болницата. Наместо тоа, Љ.А. и М.К. и овозможиле да остане уште 46 месеци на сметка на болницата исплаќајќи и плата и надоместоци без извршени работни задачи.. На тој начин, тие и нанеле штета на ЈЗУ „Општа болница “Охрид од вкупно 1.240.727,оо денари.