22/11/2024
Струга

Кривична пријава за управник на угостителски објект во Струга поради даночно затајување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „даночно затајување“, полициската станица од Струга до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против К.Ш.(59) од струшкото село Ложани и против правно лице Трговско друштво за угостителство, трговија и услуги „Шуми-81“ Струга ДООЕЛ.

Пријавениот, како управител на правниот субјект, во текот на 2012, 2013 и 2016 година со намера да одбегне плаќање на данок, не пријавувал дополнителни приходи остварени од угостителски услуги, со што давал лажни податоци за неговите приходи и приходите на правното лице. На тој начин, пријавениот К.Ш. одбегнал плаќање на данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за вкупно 3.899.058,00 денари.