Кривична пријава за жител од Драслајца поради бесправно градење
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Ц.(68) од село Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“.
Во село Дрслајца, на парцела во сопственост на пријавениот, тој како инвеститор, без одобрение за градба, изградил станбена куќа.