22/11/2024
Охрид

Кривична пријава за жител од Лабуништа поради измама

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(43) од село Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама”.

На 16.11.2017 година во ресторан во Охрид, пријавениот со писмена изјава од С.Ј.(52) од Охрид, кој привремено престојува во Република Германија, примил 20.000 евра за проект за изградба на куќа, како и за хотелско сместување. Во наредниот период, С.Ј. не можел да воспостави контак со пријавениот, по што на 03.08.2018 година се вратил во Охрид и го пријавил настанот.