23/11/2024
Охрид

Кривична пријава за жител од Лескоец поради „пустошење на шума“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(20) од село Лескоец, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,пустошење на шума”.

На 12.07.2018 година околу 01:00 часот во Охрид на местото викано „Распаќе”, полициски службеници се обиделе да запрат товарно возило, управувано од пријавениот, но тој не застанал. Набргу потоа, М.Л. го оставил возилото и избегал. При преглед на возилото, биле пронајдени и одземени 7,7 кубни метри дабови дрва, без соодветна документација.