17/02/2025
Струга

Кривична пријава за жител од Радолишта кој незаконски градел

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „узурпација на недвижности” и ,,оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, полициската станица од Струга против Б.К.(51) од струшкото село Радолишта поднесе кривична пријава.

Пријавениот, во текот на август минатата година, узурпирал катарстарска парцела помеѓу Кајакарски клуб и Извидничкот центар во Струга лоцирана во заштитен појас на крајбрежјето на Охридското Езеро и започнал да изведува незаконски градежни работи. Тој, спротивно на Законот заштита на природата, ангажирал работници за нелегална сеча на трската во езерото и затрупување на земјиштето.